Поранешен фудбалер на Порто и Интер го истепал својот татко – Полицијата го уапсила (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Порто и на Интер, Фреди Гуарин (34 години), е уапсен во Колумбија, поради физички напад врз неговиот татко, но и врз останатите членови на неговото семејство.

Според „Блу радио Колумбија“, фудбалерот бил под дејство на наркотици и на алкохол кога бил приведен од колумбиската полиција. Дресот на „нероаѕурите“ го носеше во периодот помеѓу 2012 и 2016 година, а претходно беше двоен шампион на Португалија со Порто, со кого триумфираше и во Лига Европа.

Фреди пред да се врати во Колумбија, настапуваше и за фудбалските тимови на Бока Јуниорс и кинескиот – Шангај Шенхуа.

 

Се вчитува...