Поранешниот фудбалер од Гана, Михаел Боје Маркаје, тврди дека е биолошкиот татко на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Тој живее во Велика Британија и открива дека пред 22 години имал љубовна врска со неговата мајка.
„Маркус Рашфорд е мој син и тој тоа го знае иако не сме виделе со години. Во почетокот ми беше лут затоа што мислеше дека сум го напуштил, но всушност вистината е многу поинаква. Многумина доаѓаат кај мене за да им ја раскажам приказната, но јас не сум личност што трча по слава и по пари. Само сакам да се знае дека корените на Маркус се од Гана“, изјави 65-годишниот Михаел Боје Маркаје, шокирајќи ја англиската јавност.
Маркус Рашфорд засега не ги коментира овие информации, а во родениот лст пишува дека негови родители се Џозеф и Мелани Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА