Поранешен НБА кошаркар пред потпис со Панатинаикос

Амаре Стaдемаер е пред потпис со грчкиот евролигаш Панатинаикос. Стqдемаер кој најдобрите партии во кариерата ги прикажа во Феникс Санс, клуб со кој шест пати обезбеди учество на Ол-стар натпреварот, во првиот дел од сезоната настапуваше за кинеската Фуџијана.

Тој веќе еднаш играше во Европа, кога ги бранеше боите на израелскиот Хапоел Ерусалим. Покрај за Феникс, Стaдемаер во НБА настапуваше и за Њујорк Никс, Далас Маверикс и за Мајами Хит.

Сезонава, во кинеската Фуџијана просечно бележеше по 19,3 поени и 8,2 скока.

Се вчитува...