Поранешен шпански фудбалер пронајден мртов, загинал поради мобилниот во када

Тажна вест од Шпанија. Поранешниот фудбалер Сантијаго Отеро, и некогашен играч на Овиедо, е пронајден мртов во својот стан. Сопругата го нашла Отеро која се вратила наутро од ноќна смена, а според првичните информации, бизарна е причината за несреќата.

Фудбалерот наводно загинал од струен удар кој го предизвикал мобилниот телефон кој му паднал во кадата.

Отеро наводно кога влегол во кадата имал мобилен телефон кој го ставил да се полни. Во еден момент уредот паднал на него, и струен удар го усмртил.

Од болницата потврдиле дека Отеро имал изгореници на градите.

Отеро играше во Овиедо во младите селекции на позиција напаѓач, а подоцна играл во пониските лиги во Шпанија.

Се вчитува...