Поранешна ѕвезда на Премиерлигата: Да го видам Роналдо да јаде г..на, и јас ќе ги јадам

Кристијано Роналдо, без сомнение, има огромно влијание на соблекувалната на Манчестер јунајтед. Веќе по само неколку денови престој во Манчестер, Португалецот ги промени навиките на голем дел од фудбалерите.

Резервниот голман Ли Грант опиша како никој од играчите повеќе не јаде слатко по вечерата откако го виделе Роналдо што јаде.

„Бевме на вечера во петок навечер кога е дозволено и нешто плус да каснеш, кога е храната во прашање. По главното јадење обично јадеме пита од јаболка или некаков крем. Еден соиграч се наслона кон мене прашувајќи ме да видам што има Роналдо во чинијата. Сите шепотевме и преку рамењата еден на друг гледавме што јаде тој. Верувајте, после тоа никој не чепна пита од јаболка или некакви колачи“ – соопшти Грант.

„Тој нема една, туку неколку чинии. На онаа за десерт имаше авокадо, брусници и уште неколку здрави работи. Неверојатно е како само поради еден човек во клубот веднаш од кујната исчезна нездравата храна. Тој човек е во неверојатна форма. Јас сум во најдобра, а тој е веднаш зад мене и тоа е успех“ – на шега истакна дополни Грант.

А, овие негови изјави ги слушна и легендарниот напаѓач на Ватфорд, Трој Динеј, една од ѕвездата на Премиерлигата од деведесеттите години, познат најмногу поради нескротливиот начин на живот.

„Така постапуваат затоа што се восхитуваат на неговата кариера. Искрено, и јас да сум во клубот и да го видам дека јаде гомна, и јас ќе ги јадам. Да е Роналдо мој соиграч јас не би мислел дека може да бидам добар како него. Но, сигурно би сакал да работам напорно токму согласно неговите постапки и да бидам најдобар што можам. За мене тој е најдобар фудбалер на сите времиња, подобар од Меси. Најмногу поради начинот на кој напредуваше во кариерата“.

Се вчитува...