Поранешната НБА ѕвезда се врати на паркетот и сруши интересен рекорд (ВИДЕО)

Бостон стигна до само 16. победа во сезоната откако славеше на домашен терен против Кливленд со 111-101. За „зелените“ настапи и последното засилување, Џо Џонсон кој се приклучи на тимот на 10 дневен договор, што за поранешната НБА ѕвезда значеше и враќање на терените по сезоната 2017/18.

Џонсон пред 20 години беше избран од Бостон како десетти пик на драфтот, но „зелениот“ дрес го носеше само една полусезона, а со новото облекување на истиот сруши и интересен рекорд како играч кој во кариерата има најдолга разлика помеѓу првиот и повратничкиот меч за иста франишиза.

Се вчитува...