Поранешната ракометарка на Вардар, Лазаровска сега со младински рекорд на Македонија во скок во височина (ФОТО)

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Михаела Лазаровска а сега членка на Атлетскиот клуб „Центар“ од Скопје постави нов младински рекорд на Македонија во скок во височина.

На последниот натпревар од Купот на Македонија за младинци кој се одржува викендов на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Лазаревски скокна 167 сантиметри, што претставува нов младински рекорд на Македонија.

„Со оглед на тоа што пред Михаела има уште огромен простор за напредок, многу наскоро веќе за некој месец очекувам да биде соборен и сениорскиот рекорд на Македонија во скок во височина. Михаела сега скокаше со патики и со само пет чекори залет и успеа да го собори рекордот на Македонија“ – вели нејзиниот тренер, Кристијан Кајчевски.

Лазаровска е поранешна ракометарка на Вардар која, сепак, се одлучи да продолжи со посериозен ангажман во атлетиката одбирајќи ја како иден спорт број еден за себе, и веќе бележи забележителни резултати.

Се вчитува...