Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед би заиграл за клубот пак и тоа бесплатно (ВИДЕО)

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Хавиер Eрнандез, познат како Чичарито ги тресеше мрежите за „црвените ѓаволи“ од 2010 до 2015 година. За премиерлигашот постигна 59 гола на 157 одиграни натпревари, а сега вели ако добие понуда од клубот би играл и бесплатно.

Мексиканецот кој во моментот е дел од ЛА Галакси на конференција за медиуми во САД доби прашање за неговиот поранешен клуб, а не се двоумеше во одговорот.

„Да ме побара Јунајтед на мои години би рекол: Да, ќе играм бесплатно. Нормално дека би го направил тоа, но го почитувам ЛА Галакси. Не размислувам за Манчестер сакам само титула во „Ел-еј“, вели Чичарито.

Се вчитува...