Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Дитмар Хаман смета дека сегашниот менаџер на „Црвените“ Арне Слот во секој момент ќе добие отказ, по слабата форма на тимот во последно време.
Екипата од „Енфилд“ загуби девет од последните 12 натпревари, а последниот пораз од ПСВ од 1-4 во Лигата на шампионите се чини ја прели чашата.
„Поразот на Ливерпул од ПСВ беше деветти во 12 меча. Мислам дека Слот ја загуби контролата врз тимот. Се распаѓа целата екипа, секој прави што сака, како Салах пред вториот гол на ПСВ. Ливерпул ќе има сериозни проблеми за да дојде до првите четири места во Премиерлигата. Не верувам дека овие проблеми ќе се решат брзо. Ситуацијата е толку лоша, што крајот на Слот е блиску. Не мислев дека ќе дојде до ова по брилијантна претходна сезона, но верувам дека неговите заслуги се исцрпени“, напиша Хаман во својата колумна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

