Поранешниот прв човек на Баерн Минхен откри: Го сакавме Ибрахимовиќ, но тој бараше господски договор

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хинес во гостувањее на германската „РТЛ“ откри дека постоела можност Златан Ибрахимовиќ да се пресели во редовите на клубот од Минхен.

Притоа, Хинес не откри точно во кој период се воделе разговори за трансфер, но откри дека жебите на Швеѓанецот биле Господски…

„Ибрахимовиќ е голем играч, но условите кои ги постави беа Господски. Бевме заинтересирани, но не можевме да му излеземе во пресрет“ – изјави поранешниот прв човек на минхенскиот гигант.

Интересно, Златан Ибрахимовиќ во својата богата кариера забележа настапи во четири од топ пет лигите. Покрај Милан, во Серија А настапи и за Јувентус и Интер, во Англија ја бранеше честа на Манчестер Јунајтед, во Франција постигнуваше голови за ПСЖ, додека во Шпанија го носеше дресот на Барселона, но не забележа ниту еден настап во Бундеслигата.

Се вчитува...