Поранешниот репрезентативец на СССР, Русинот Чернишев е нов тренер на Беласица

Поранешниот репрезентативец на СССР, Русинот Андреј Чернишов е нов тренер на струмичкиот прволигаш Беласица.

По оставката на Ѓоре Јовановски, раководството на Беласица се одлучи да го ангажира Чернишов чиј последен клуб во кој работеше измината полусезона беше Динамо Нови Сад.

53-годишниот Чернишов, кој во играчката кариера настапувал за Динамо Москва, Штурм, Спартак Москва, ПАОК, Анвтерпен, Гројтер Фурт, Рубин Казан…, како тренер работел во Спартак Москва, Динамо Тбилиси, но и српскиот Спартак Суботица. Сега во обид да обезбеди опстанок за Беласица.

Се вчитува...