Дујковиќ ќе лета со орлите во Чаир (ФОТО)

Центарот Марко Дујковиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Чаир 2030 кој ќе се натпреварува во Втората македонска лига.

31-годишниот кошаркар во Чаир доаѓа од екипата на Вардар каде претходната сезона бележеше просек од 7.7 поени, 8.3 скока и 2.3 блокови по натпревар, но не успеа да му помогне на клубот да го задржи прволигашкиот статус.

„Орлите летаат високо… Пресреќни сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор за ангажман на Марко Дујковиќ“. Му посакуваме добредојде во сино-белото семејство“, објави Чаир.

Како потсетување, Дујковиќ беше дел од македонската репрезентација на квалификациите за Европското првенство во 2016 година во четата на „експериментот“ со Драга Раца, а на македонската јавност и е познат по експлицитните спотови на српски песни.

 

Се вчитува...