Поранешното момче се уште не може да ја преболи Дилета – „Уништен сум, не можам да го замислам животот без неа“

Познатата италијанска новинарка Дилета Леота неодамна ја раскина едногодишната врска со боксерот Даниел Скардино. Тој се уште не може да ја преболи и се надева дека еден ден повторно ќе бидат заедно.

„Ја сакам. Никогаш не ја измамив и таа е нешто најдобро што можеше животот да ми даде. Боксер сум и не паѓам на подот, но јас сум нокаутиран откако ми раскина. Сакам да ми се врати, подготвен сум повторно да ја освојам. Во моментов сум насочен на боксот, но знате како велата никогаш не викај никогаш“, изјави Скардино.

Се вчитува...