Еден од претендентите за висок пласман во Лига 1, екипата на Монако беше поразена на гостувањето кај Лориен со 3-1. Сепак, вреди да се напомене дека тимот од Кнежеството играше со играч помалку од 38. минута, по исклучувањето на Керер.
Две минути подоцна Лориен дојде до предност. Бамба успеа на асистенција на Куаси да го доведе тимот на Лореин до предност.
Во вториот дел Пажи во 76. минута стрелаше за 2-0, а истиот играч во 82. минута зголеми на 3-0. Домашниот тим не успеа да реализира неколку шанси и за повисока победа, со оглед дека разликата во бројот на шутеви беше дури 19-4 во корист на победничкиот тим.
На крајот Монако само успеа да намали со голот на Ансу Фати од пенал во судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

