Пораз на шампионот, Мемфис ја шокираше Јута на стартот од плеј-офот (ВИДЕО)

Феникс на најдобар можен начин го почна разигрувањето во НБа лигата, без поголеми проблеми славејќи со 99-90 против ЛА Лејкерс.

Домашните до победата ги водеа Девин Букер со 34 поени и ДеАндред Ејтон со 21 поен и 16 скока, додека Леброн Џејмс беше најдобар кај поразените со „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 10 асистенции.

Мемфис во последен час дојде до место во плејофот, а сега се погрижи за големо изненадување победувајќи ја најдобрата екипа од регуларниот дел Јута. Мемфис славеше со 109-112 откако Бојан Богдановиќ промаши шут за продолжение со истекот на времето.

Дилон Брукс со 31 поен и Морант со 26 поени се издвоија кај Мемфис, а кај поразените најдобар беше Богдановиќ со 29 поени.

Победникот беше одлучен во последната секунда на мечот меѓу Њујорк и Атланта. Славеа гостите со 105-107 доаѓајќи до вреден триумф на гости. Јанг донесе во последната секунда за гостите, а со 32 поени и 10 скока беше и прво име на дуелот.

Се вчитува...