Пораз во Мајорка: Џирона не го искористи „киксот“ на Реал Мадрид

Џирона загуби со 1-0 на вечерашното готување против Мајорка, не успевајќи да го искористи синоќешниот „кикс“ на Реал Мадрид за да му се приближи на лидерот на табелата и да ја направи поинтересна трката за титулата.

Фудбалерите на Џирона не беа во својот препознатлив ритам, па иако ја имаа првата шанса преку Мартин сепак не успеваа лесно да создадат ситуација да го загрозат противничкиот гол. Мајорка на спротивната страна ја искористи својата прва шанса во 33. минута кога Копете одлично се снајде и го доведе домашниот тим во водство од 1-0. Џирона имаше повеќе од поседот во второто полувреме, но гостите не успеаја да најдат начин да ја затресат мрежата на Мајорка, по што го претрпеа четвртиот овосезонки пораз.

Џирона остана на 59 бода, седум помалку во однос на лидерот Реал Мадрид. Барселона на третото место има 57 бода, но и меч помалку, оној вечерашниот во Билбао против тимот на Атлетик.

Се вчитува...