Порази на Вориорс и Бруклин кои играа со втори тимови (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа седум натпревари. Откако и Кевин Дјурант влезе во ковид протокол Бруклин дефинитивно остана без сите свои кошаркари, па затоа и не изненадува поразот од една од најлошите франшизи сезонава Орландо Меџик од 93-100.

Робин Лопез со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Пети Милс заврши со 23 поени.

Голден Стејт е еден од ретките тимови кој нема проблеми со корона, но сепак Стив Кер одлучи на синоќешниот дуел со Торонто (119-100) да ги одмори своите први ѕвезди, Кари, Грин и Вигинс. Во нивно отсуство Џонатан Куминга постигна 26 поени, додека во таборот на победникот се истакна Фред ван Влит со 27 поени.

Во останатите мечеви од програмата, Детроит – Хјустон 107-116, Бостон – Њујорк 114-107, Оклахома – ЛА Клиперс 103-104, Милвоки – Кливленд 90-119 и Јута – Вашингтон 103-109.

Се вчитува...