Порто без двајца клучни играчи доаѓа на „Енфилд“

Порто ќе биде значително ослабен за претстојниот дуел од Лигата на шампионите против Ливерпул, дуел на кој „сино-белите“ нема да можат да сметаат на двајца стандардни првотимци.

Капитенот Ектор Ерера нема да може да настапи на „Енфилд роуд“ поради суспензија, а од истата причина во одбраната на Порто нема да може да се појави ниту Пепе. Ветеранот доби жолт картон поради вербален конфликт со Един Џеко на реваншот меѓу Порто и Рома, поради што сега нема да биде во комбинација за дуелот во Ливерпул.

На спротивната страна, Јирген Клоп поради суспензија нема да може да смета на левиот бек Енди Робертсон, на чие место меѓу првите единаесетмина ќе се појави Џејмс Милнер.

Се вчитува...