Португалецот во неверување: Роналдо нервозно го напушти стадионот по поразот од Вест Хем (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо синоќа не беше дел од составот на Манчестер јунајтед за дуелот со Вест Хем во Лига Купот на Англија. Португалецот беше на трибините на „Олд Трафорд“, а по последниот свиреж на судијата тој имаше нервозна реакција.

„Црвените ѓаволи“ загубија со 0-1 и испаднаа од трката за еден од неколкуте трофеи сезонава, а покрај нервозата на Роналдо, разочарувањето од ваквиот исход беше видливо и кај присутните на трибините.

Оле Гунар Солскјер и покрај тоа што доби одлични фудбалери оваа сезона, се’ уште го нема најдено победничкиот ритам, па постојано игра променливо, како во Премиер лигата, така и во првото коло од Лигата на шампиони.

 

 

 

Се вчитува...