Португалците елиминирани, статистиката вели…Кристијано ептен спореден актер

Европскиот првак Португалија го заврши својот настап на Мундијалот на самиот старт од нокаут фазата. Уругвај славеше со 2-1, со двата гола на Единсон Кавани, и тоа значи дека и втората мегаѕвезда на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо си заминува дома. Претходно, и Лионел Меси со Аргентина доживеа елиминација од Французите, уште во осминафиналето.

Играше ли Роналдо, се прашуваат дел од португалските фанови. Од него најмногу се очекува, а тој речиси и да не стори ништо на осминафиналната пресметка со Уругвај. Беше одлично чуван, многу често и удвојуван од уругвајската одбрана, а Португалија едноставно не може да стори ништо повеќе, доколку е добро затворен Кристијано.

Статистиката е секогаш убиствена и открива многу вистини. А таа вели дека Роналдо имаше најмалку контакти со топката (49) од сите фудбалери на теренот, освен двајцата голмани, најмногу обиди за додавања кон соиграчите (25) и најмногу прецизни додавања (21). Ова, секако, при анализата, го прави ептен спореден актер на осминафиналниот меч против Уругвај.

Се вчитува...