Посебен гест – Мерцедес му оддаде почит на Ники Лауда

Тимот на Мерцедес со убав гест му оддаде почит на легендарниот Ники Лауда кој се опоравува по трансплантацијата на белите дробови.

На прославата на шампионската титула на Луис Хамилтон и петтата титула во конструкторска конкуренција, во базата на Мерцедес,  шефот Тото Волф и возачите Луис Хамилтон и Валтери Ботас заедно со целиот тим носеа цревни капи на главите како таа што ја носи Ники Лауда и го поздравија легендарниот возач кој поради здравствената состојба не можеше да присуствува на прославата.

„Ќе се сретнам со Ники во петок и многу сум среќен. Тој се чувствува подобро и повторно ќе биде дел од нашиот тим. Ако успее да дојде во Абу Даби ќе биде прекрасно. Ако не успее, јас планирам да патуваме заедно за Австралија догодина“ – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Се вчитува...