После шокот, охрабрувачки вести за Рафиња: Ќе пропушти само еден меч

Бразилската репрезентација може да здивне, откако пристигнаа резултатите од прегледот на ѕвездениот крилен напаѓач Рафиња. Играчот на Барселона беше подложен на тестови во саботата наутро откако мораше да го напушти натпреварот против Хаити поради повреда, а првичните вести се охрабрувачки.

Иако имаше стравувања од сериозна повреда, се чини дека Рафиња ќе остане во националниот тим за продолжението на Светското првенство. 

Рафиња ги загрижи медицинскиот тим и навивачите за време на убедливата победа на Бразил над Хаити во петокот. Во првото полувреме почувствува остра болка во мускулот на десната бутина и беше принуден да го напушти натпреварот. Клинички прегледи беа извршени во саботата наутро за да се утврди сериозноста на повредата.

Иако Бразилската фудбалска конфедерација сè уште не издаде официјално соопштение, според „Газета Еспортиве“, се очекува дека 29-годишниот напаѓач нема да мора да ја напушти репрезентацијата, што е големо олеснување за тренерот Карло Анчелоти.

Се вчитува...