Последен „џокер“ за Џенаро: Пласман во ЛШ, услов Гатузо да остане тренер на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Лаурентис, ќе се обиде да ја продолжи соработката со Џенаро Гатузо, иако тој размислува и за негова можна замена, доколку не постигнат договор. Актуелниот договор на Гатузо истекува на крајот на сезоната, но Лаурентис планира да му понуди нов договор доколку избори место во Лигата на шампионите.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо не е во добри односи со Лаурентис, поради што не размислува ниту за продолжување на соработката во било каков исход на крајот на сезоната. Доколку Џенаро го напушти клубот, Наполи најмногу би сакал да го донесе за нов менаџер Маурицио Сари, кој е без работа откако го заврши ангажманот во Јувентус.

Челниците на Наполи имаат и други опции, втор на списокот со желби е тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, додека третата опција е тренерот на Рома, Пауло Фонсека.

Се вчитува...