Вечерва на полноќ се затвораат пријавите за третото издание на трката November run Gevgelija. Овој викенд, Гевгелија ќе биде домаќин на 2300 учесници од 15 држави како и од најразлични возрасти кои ќе трчаат низ улиците.
Оваа година, за прв пат во соработка со Фондацијата Ице Бегов ќе се организира инклузивна трка на 1 километар, која е од ненатпреварувачки карактер со 550 учесници. Целта на оваа трка е да се промовира спортувањето и вклучувањето на лицата со попреченост во секојдневието.
Детската трка оваа година ќе биде поделена со три различни старта каде ќе земат учество 620 дечиња.
За недела со почеток од 9 часот е предвиден главниот настан, односно трките на 5 и 10 километри. Трката на 10 километри воедно е и главен настан за национално првенство, па победникот ќе биде прогласен за државен шампион од Атлетската Федерација на Македонија.
Трките на 5 и 10 километри се сертифицирани со сертификат издаден од Светската атлетска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА