Ракометарите на Вардар денеска го одржаа последниот тренинг пред патувањето во Саудиска Арабија, каде „црвено-црните“ како актуелен европски првак ќе учествуваат на Супер-глоуб натпреварувањето во организација на ИХФ. За „вардарци“ ова ќе биде второ учество на Супер-глоуб, а откако пред две години беа поразени од Барселона овојпат желбата е јасна – додавање на светската круна на двете европски што македонскиот првак веќе ги има во својата колекција на трофеи.
На Супер-глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Вардар ќе игра директно во четврт-финалето и таму за прв противник ќе го има побендикот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека „црвено-црните” се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето, таму речиси сигурно ќе се сретнат со Кил. Германците бидејќи добија „специјална покана” од домаќините ќе играат прво во квалификациите за четврт-финалето. Таму нивен ривал ќе биде екипата на Сиднеј. Потоа во четврт-финалето победникот од тој меч треба да игра против Замалек.
Вардар во своето претходно учество на Супер-глоуб го освои третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА