Последниот дел од сложувалката на Мурињо доаѓа во јануари?

Жозе Мурињо прави шампионски тим во северен Лондон. Со последните засилувања Мурињо ги покри сите позиции на теренот, за разлика од претходната сезона има и широка клупа, а последниот дел од сложувалката Португалецот го гледа во трансферот на Милан Шкрињар за засилување на одбраната.

Како што пренесуваат медиумите во Англија овој трансфер е веќе договорен, а истиот ќе го чини Тотенхем 45 милиони евра. Трансферот ќе биде добар и за Интер, кому му фалат играчи на други позиции на теренот, а со парите од Словакот може да се донесе замена за Лукаку. Тотенхем е спремен да го понуди и Дејвисон Санчес како дел од договорот, но Италијаните не сметаат на услугите на Колумбиецот.

Желба на Мурињо е и унгарскиот репрезентативец Доминик Собошлаи, но напаѓачот на Салцбург е мета на неколку големи клубови.

Се вчитува...