Последниот подарок во животот Квинтана го доби од Никола Митревски (ФОТО)

Алфредо Квинтана почина денеска губејќи ја четиридневната битка откако голманот на Порто имаше срцев удар што остави последици и врз функционирањето на неговиот мозок. Светскиот ракомет денеска е завиен во црно по прераната смрт на 32-годишниот Кубанец кој настапуваше за репрезентацијата на Португалија, додека во тимот на Порто за партнер во голманскиот тандем го имаше македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Нашиот голман во изминатите месеци секогаш со најголеми комплименти говореше за Квинтана, па шокот кај него како и кај целокупната ракометна јавност е огромен.

Митревски и Квинтана пред една седмица со заедничка фотографија ги овековечија подароците што си ги дадоа, репрезентативните дресови што одличните голмани ги носеа на СП 2021 во Египет.

За жал, судбината одлучи подарокот од Митревски да биде последен што Алфредо Квинтана го доби во неговиот живот.

Слава му…

Се вчитува...