Постави рекорд на СП и ја напушти репрезентацијата

Најстариот учесник во историјата на мундијалите, египетскиот голман Есам Ел Хадари, ја заврши репрезентативната кариера во 45.година. Тој постави рекорд на Светското првенство, кога настапи на мечот против Саудиска Арабија (1-2) на возраст од 45 години и 161 ден, а успеа да одбрани и пенал.

„После 22 години, четири месеци и 12 дена, вистински момент е да кажам дека завршив со репрезентацијата. Горд сум на бројот на натпреварите што ги одиграв за националниот тим“, изјави Ел Хадари.

Тој се повлекува од националниот тим, но ќе остане и понатаму активен и ќе настапува за египетскиот тим Исмаили.

 

Се вчитува...