Постекоглу е џентлмен и во поразот: Ние менаџерите се обидуваме да ги заобиколиме правилата

Фудбалерите на Тотенхем во неверојатно интересен натпревар со голем број поништени голови и два црвени картони загуби од Челси на домашен терен со 1-4 во лондонското дерби.

За разлика од голем број негови колеги, менаџерот на Тотенхем, Енџ Постекоглу по мечот за поразот не бараше алиби кај судиите, велејќи дека е учен да ги почитува официјалните лица без разлика на тоа дали му се допаѓаат нивните одлуки или не.

„Треба да ја прифатите одлуката на судијата, барем јас така растев. Постајоното напаѓање на авторитетот на судиите е местото каде што фудбалот стигна. Ќе станеме под контрола на луѓе што се неколку милји оддалечени од нас, а одлучуваат преку ТВ екран. Одлуката е таква каква што е. Во 26 години сум видел многу лоши одлуки, но тоа е што е. Менаџерот во Премиерлигата треба да го води својот тим. Мене ме учеа да ги почитувам официјалните лица. Сепак, тренерите вклучувајќи ме и мене се обидуваме да најдеме начини да ги заобиколиме правилата“, изјави Постекоглу. 

Се вчитува...