Постекоглу: Кејн не може да биде заменет само од еден играч, туку само колективно

Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу изјави дека екипата ќе мора колективно да се погрижи да го надополни отсуството на Хари Кејн, кој денеска го комплетираше трансферот во Баерн Минхен вреден над 100 милиони евра.

Лондончани ќе ја стартуваат новата сезона во Премиерлигата со гостување во Брентфорд, а Постекоглу ќе го има официјалното деби во тимот. Кејн беше најдобриот стрелец во екипата, а на прашањето дали Ричарлисон може да го замени, Постекоглу одговори:

„О, не мислам дека нема идентична замена за Хари. Да бидам искрен, за неговото заминување се подготвувавме веќе подолго време. Ричарлисон е здрав, немаме проблеми со него. Имаше малку заостанување на тренинзите, но добро одигра со Барселона. Фантастичен играч, работи напорно, но не би очекувал еден играч да го покрие отсуството на Кејн. Треба тимот да го стори тоа, и да бидеме навистина цврсти во нападот со сите играчи кои ги имаме, а имаме фантастични играчи, и Ричарлисон е еден од нив“, изјави Постекоглу кој додаде дека има уште три недели до крајот на преодниот рок и може да се случи тимот да ангажира напаѓач.

Се вчитува...