Постекоглу: Не сум добил гаранции дека Кејн ќе остане

Новиот менаџер на Тотенхем, Анте Постекоглу ја одржа првата прес-конференција како нов тренер на екипата. Првото прашање беше поврзано со иднината на Хари Кејн.

Постекоглу кажа дека нема никакви гаранции дека најдобриот напаѓач ќе остане дел од тимот.

„Не добив никакви гаранции дека Кејн ќе остане, и да бидам искрен не ни очекувам. Во ваквите ситуации ништо не е сигурно. Она што го знам е дека Кејн е дел од нашиот тим, и со нетрпение го чекам неговото враќање“, вели Постекоглу.

Се вчитува...