Постигна два гола, па го напушти мечот да стигне на раѓањето на неговиот син

На фудбалерот на Виган, Рајан Колклу, вчерашниот ден ќе му остане како еден од најсреќните во неговиот живот. Во победата од 3-0 над Донкастер, Колклу два пати ја затресе мрежата, а по вториот гол знаејќи дека победата е осигурана, напаѓачот побара замена со цел да стигне во болница да го дочека раѓањето на неговото второ дете.

Целосно во опремата со која настапи, односно во дресот на неговиот тим, 22-годишниот Англичанец стигна на време во болницата.

Помошниот тренер на Виган, Лијам Ричардсон, ја објасни ситуацијата и како Рајан ја дозна убавата вест.

„За време на паузата, додека бевме во соблекувалната Рајан доби порака од својата сопруга дека дојде времето да се породи. Штом го постигна вториот гол сакаше да го напушти теренот, бидејќи тој размислуваше само за неговата сопруга и синот. Некои фудбалери не би реагирале така, би останале до крајот на мечот, но има и такви што во тие моменти сакаат да бидат само со своите партнери. Ние ја почитувавме неговата одлука, тренерот му дозволи да замине“, истакна Ричардсон.

Се вчитува...