Постигнат договор: Гризман на 1. јули за 120 милиони евра потпишува за Барселона

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман долго време се поврзува со најголемите светски клубови, но се чини за неколку денови и дефинитивно ќе стави потпис на договор со својот нов клуб. А тоа е Барселона!

Претседателот на Барса, Хозе Марија Бартомеу одби да открие дали Гризман ќе дојде во клубот, но англиски „Телеграф“ тврди дека веќе е договорен неговиот трансфер за 120 милиони евра.

И самиот Гризман претходно најави дека заминува до Атлетико Мадрид…

„На сите им е јасно каде Гризман ќе игра следната сезона. Сите тоа веќе го знаеме, уште од март. Негов нов клуб е Барселона“ – изјави и директорот на Атлетико Мадрид, Гил Марин.

Според најавите, официјалната потврда на трансферот на Гризман во Барселона  ќе биде на 1. јули.

Се вчитува...