Постигнат договор: Перишиќ доаѓа во Лондон

Хрватскиот интернационалец и фудбалер на Интер, Иван Перишиќ наскоро ќе потпише договор со Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.

Хрватот договорил двогодишен договор со клубот од Лондон кој од клупата го предводи Антонио Конте. 30-годишникот имаше понуди и од Јувентус и Челси, но Тотенхем излезе како победник поради тоа што на клупата токму седи Конте со кого соработуваа лани заедно во Интер.

 

Се вчитува...