Зимскиот преоден рок може да донесе интересена замена на фубалери помеѓу Челси и Баерн Минхен. Во правец кон Германија би заминал Кристофер Нкунку, а во Лондон би пристигнал Матијас Тел.
Нкунку е незадоволен со минутажата која ја има на „Стемфорд Бриџ“, тој не е прва опција во натпреварите од Премиерлигата, а има и големи примања па неговото заминување е идеално и за клубот и за фудбалерот кој би се вратил во Бундеслигата каде настапуваше со успех во минатото.
Со тоа Тел би бил идеална замена како млад фудбалер кој допрва треба да го покаже својот раскошен талент, а притоа не ја добива посакуваната шанса во Баерн Минхен, меѓутоа и покрај тоа што оваа размена е означена како идеална постои еден голем проблем.
Матијас Тел сака да се докажа во Баерн Минхен, клубот кој го откупи неговиот договор од француски Рен во 2022 година за 20 милиони евра. Французинот имал разговор со Винсент Компани на кој јасно му дал дознаење на белгискиот тренер дека не е задоволен со минутажата, но и дека сака да остане да се бори за првотимско место во германскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА