Потег на 14. коло во Првата кошаркарска лига (ВИДЕО)

Четрнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе бројни атракции на терените во Гевгелија, Скопје, Кавадарци и Битола. Истите ги одбележаа поени со звукот на сирената, атрактивните забивања, но и блокови.

Потегот на колото е дело на Бојан Трајковски кој одново го предводеше Феникс 2010 до победа, а овој пат покрај одличниот учинок во нападот беше на врв на задачата и во одбраната.

Се вчитува...