Потег на четвртфиналето – Андоноски погоди од невозможна ситуација (видео)

Македонија одигра „по ноти“ на вечерашниот дуел со Романија, избраниците на Јованчев цел натпревар водеа и заслужено се најдоа во полуфиналето.

Најдобриот потег на четвртфиналето беше дело на нашиот репрезентативец Андреј Андоноски, кој во првата четвртина тргна на влез, загуби чекор при ролингот, но кога се очекуваше топката да му припадне на противникот, тој успеа да ја смести низ обрачот.

Се вчитува...