Потег на дербито – перфектно изведена акција на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

Вечното дерби во македонската кошарка донесе суперинтересен натпревар во Аеродром каде МЗТ Скопје ја израдува „сино-белата“ страна на Скопје со победа во неизвесна завршница против Работнички. Избраниците на Николиќ беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но до победата стигнаа благодарение на мирната рака на Војдан Стојановски.

Во атрактивниот натпревар најубавиот потег на мечот им припадна на домашните кошаркари кои во втората четвртина изведоа перфектен напад. Сите пет кошаркари ја допреа топката, а одличната ротација ја круниса Страхиња Миќовиќ со поени зад линијата 6,75.

Се вчитува...