Потег од очај: Милан го ангажира Умтити

Откако стана јасно дека Милан ќе остане без Симон Кјаeр до крајот на сезоната поради повреда на лигаментите, италијанскиот гигант веднаш се впушти во потрага на нов стопер. Според шпанските медиуми, изборот паднал на „отпишаниот“ стопер на Барселона, Самуел Умтити.

Умтити не добива шанса ниту од новиот тренер Чави, па така во јануари многу веројатно ќе замине. Со оглед дека на Милан очајно му треба стопер, нема да биде чудно доколку Французинот заврши на „Сан Сиро“ како позајмен до крајот на сезоната.

Стоперот нема одиграно ниту еден меч оваа сезона. Последниот меч го играше на 22. мај 2021 година, каде одигра 45. минути. Од тогаш па до денес нема одиграно ниту една минута за „каталонците“.

Се вчитува...