Потег за почит: Фатих Терим го кани Ебуе во Галатасарај да го спаси од беда

Старо – новиот тренер на Галатасарај Фатих Терим, го повика поранешниот фудбалер на Арсенал Емануел Ебуе да работи како помошен тренер на кадетскиот клуб со цел да го спаси од приватниот проблем во кој се наоѓа фудбалерот.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска своевремено го носеше дресот на турскиот гигант и имаше одлична професинална врска со Терим, а сега добива втора шанса да си го среди животот. Ебуе го носеше дресот на Галатасарај цели пет години откако го напушти Арсенал во 2011 година.

„Морав да реагирам откако ја прочитав веста во каква ситуација се наоѓа Емануел. Веста ја прочитавме сите во соблекувалната по натпреварот со Гезтепе“, изјави Терим.

Ебуе ја потврди оваа информација на социјалните мрежи, доби голема поддршка од фудбалската јавност, а целата акција ја поддржаа и легендите на овој клуб, Хасан Шаш и Нечати Атеш.

„Многу сум среќен што повторно ќе работам со Терим и што ми даде должност во Галатасарај. Тој ми е како татко, многу го сакам и се би направил за него“, изјави Ебуе.

 

Се вчитува...