Потег за почит: Озил ќе ја дава платата на маскотата на Арсенал

Месут Озил ги освои симпатиите на приврзаниците на Арсенал откако се понуди самиот да ја покрива платата на клупската маскота, која вчера беше прогласена за технолошки вишок по 27 години работен ангажман за „топчиите“.

Навивачите на лондонскиот клуб беа бесни на ваквиот потег на управата откако им беше дадена огромна плата на Вилијан и на Обамејанг, пред Озил самиот да се понуди да ја покрие платата на „ганерсаурусот“.

„Бев тажен кога слушнав дека нашата позната и лојална маскота Ганерсаурус е отпуштена од клубот како технолошки вишок по 27 години работа. Затоа, му нудам на Арсенал јас самиот да ја покривам платата на маскотата се додека сум член на клубот“, напиша Озил на своите профили на социјалните мрежи.

Германецот е убедливо најплатен играч во клубот со неделна заработувачка до 350.000 фунти, воопшто не е дел од плановите на Микел Артета за сезонава, но со овој потег Озил покажува исклучителни човечки квалитети.

Се вчитува...