Потег за респект: Гранада со шпалир за шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид ја осигура новата шампионска титула, а „кралевите“ добија дочек каков што заслужуваат пред денешното гостување во Гранада, каде домаќините со шпалир и аплаузи ги поздравија новите шпански прваци.

„Кралевите“ преку клупско соопштение веднаш се заблагодарија на ваквиот гест на домашниот состав.

„Голема благодарност за убавото добредојде, Гранада. Се надеваме дека наскоро повторно ќе ве видиме во Првата лига“, порачаа „кралевите“ до своите денешни противници, кои пред неколку рунди ги загубија сите шанси за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...