Потег за восхит: Еве како Рома ги изненади највозрасните навивачи (видео)

Ширум Италија владее хаос поради коронавирусот, највозрасните жители се плашат да излезат од своите домови, но раководството на Рома најде начин да им ги разведри овие „црни денови“ на своите навозрасни приврзаници.

Од списокот на навивачи со сезонски карти беа избрани оние највозрасните, при што на секој од нив им беше доставен специјален пакет од „римската волчица“. Некој доби шал, некој дрес, но најважно од се, во најтешките моменти добија внимание од клубот што со децении го поддржуваат.

Затоа, овој потег на римскиот клуб нека биде и пример за сите останати…

Се вчитува...