Потегот на Де Геа на полувремето доволно кажува во каква ситуација е Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Нервозен беше голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа на полувремето, па при излегувањето од тунелот можеби најдобро ја илустрираше ситуацијата во која се наоѓа тимот од Олд Трафорд.

Де Геа при излегувањето нервозно со тупаница замавна по тунелот, што најдобро кажува колку нервоза се собра кај голманот на Јунајтед, кој покрај тоа што прими два гола, неколку пати го спасуваше својот тим од поубедлив пораз.

Нервозен беше и Роналдо, како и навивачите кои бараа смена на Солскјер. До неа нема да дојде, барем не денеска.

Се вчитува...