Потер: Ме загрижува повредата на Канте

Н’голо Канте по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“ беше еден од најважните играчи на Челси. Со него „сините“ ги освоија Премиерлигата, Лигата на Шампионите, Лига Европа, УЕФА Суперкупот и ФА Купот, но тој не успева да му помогне на својот тим во новата сезона.

Проблемот е повредата на задната ложа поради која пропушти седум натпревари оваа сезона, факт кој го загрижува новиот тренер Грем Потер и покрај тоа што тој неодамна се врати на тренинзите на тимот.

„Канте е важен дел од тимот и затоа сум многу загрижен. Гледајќи ја статистиката тој пропушти 50 отсто од натпреварите во последните две сезони поради повреда. Тоа е голем проблем па мора да најдеме алтернатива. Не можеме да си дозволиме повторно да остане празнина на неговата позиција“, изјави Потер.

Се вчитува...