Потер: Одговорноста е моја, но не давам оставка, видете ги Артета и Клоп…

Грем Потер не го криеше разочарувањето по најновиот пораз на Челси под негово водство. Сепак, овој стратег истовремено јасно стави до знаење дека нема намера самиот да се повлече од менаџерската функција без оглед на огромното незадоволство меѓу навивачите на Челси.

Потер за споредба даде два примера со Микел Артета и Јирген Клоп, како опис за притисокот со кој се соочуваат тренерите во Премиер-лигата.

„Одговорноста е моја и јас не бегам од тоа. Сите сме разочарани, го разбираме бесот на навивачите, можам да кажам дека фудбалерите се најразочарани од сите. Не размислувам за оставка, фокусиран сум да најдеме заеднички излез од кризата. Притисокот е голем, но тоа е нормално. Сетете се каде беше Арсенал пред две години, сите бараа оставка на Артета, а видете каде се сега. Па Ливерпул сега не игра како што се посакува, а дел од луѓето веќе почнаа да бараат отказ за Јирген Клоп. Сето тоа е дел од фудбалот“, изјави Потер.

Се вчитува...