Потоп од Евертон – Јунајтед не беше вака очаен ниту со Мурињо

Манчестер Јунајтед значително си ги намали шансите за место во ЛШ откако „црвените ѓаволи“ попладнево беа посрамотени од Евертон, губејќи на „Гудисон парк“ со убедливи 4-0. Домашните фудбалери знаеја како да го искористат најлошото издание на „ѓаволите“ под водство на Оле Гунар Солскјер, во натпревар во кој Јунајтед изгледаше полошо дури и од периодот кога на неговата клупа седеше Жозе Мурињо.

Де Хеа му одбрани опасен удар на Ришарлисон на самиот почеток, што беше само најава за дебаклот што му се случи во продолжение на најтрофејниот англиски клуб. Токму Бразилецот Ришарлисон ја отвори серијата голови на „Гудисон Парк“, а на 2-0 со удар од далечина зголеми Сигурдсон. Де Хеа беше немоќен и при ударот на Дињ за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Тео Волкот.

Се вчитува...