Потпишано – Кејн стана најплатен фудбалер на Баерн на сите времиња

Хари Кејн и дефинитивно ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор со Баерн Минхен. Англискиот репрезентативец ги освои првите трофеи во кариерата носејќи го дресот на баварскиот гигант, но врвот на кариерата го достигна пред неколку дена кога се закити со „Златната топка“.

Неговиот договор истекуваше на крајот од сезонава, Кејн секогаш истакнуваше дека сака да остане, па на крајот беше договорено соработката да продолжи за дополнителни две сезони, до јуни 2029 година, со што Англичанецот воедно стана и најплатен фудбалер во историјата на Баерн Минхен.

„Се чувствувам како дома во Баерн. Го сакам клубот, ги сакам навивачите и градот Минхен. Имаме фантастична екипа и во Винсент Компани, фантастичен тренер. Горд сум што сум дел од Баерн, целосно семејство ми е среќно овде и затоа сакав да останам. Сега се фокусирам на иднината, да освојам уште многу трофеи со овој голем клуб“, изјави Кејн по потписот на новиот договор.

Хари Кејн досега има настапено на 156 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 151 гол.

Се вчитува...