Потпишува нов договор: Пауло Дибала останува во Јувентус до 2025 година

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ќе остане во Јувентус до 2025 година. Тој се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката и за наредните пет сезони, пренесува „Газета дело Спорт“.

Според новиот договор, кој ќе биде потпишан до крајот на сезоната, 26-годишниот Аргентинец ќе добие зголемување на платата, како и дополнителни бонуси за тимски успеси со „старата дама“. Дибала во моментов заработува 7,5 милиони евра по сезона.

Аргентинецот оваа сезона постигна седум гола и забележа девет асистенции на 24 натпревари од првенството во Серија А.

Се вчитува...