Тотенхем се мачи да најде нов тренер, пропаднаа обидите за камбек на Покетино, потоа ангажманна Компани, Нагелсман, на крајот „спарси“ беа одбиени и од Арне Слот, па Даниел Леви сега ја продолжува потрагата во соседна Шкотска.
Нов „пик“ на првиот човек на Тотенхем е актуелниот тренер на Селтик, Анге Постокоглу, кој експресно ја врати доминацијата на „зелено-белите“ од Глазгов по загубената титула од Глазгов Ренџерс пред две сезони. Под водство на овој стратег Селтик стигна до две двојни круни на шкотската фудбалска сцена, па Тотенхем во наредните денови ќе ги интензивира преговорите за да го убеди австралискиот стручњак да се пресели во Лондон.
Постокоглу има договор на уште две години, но Тотенхем е подготвен да плати отштета до 10 милиони евра за да добие зелено светло од Селтик. Сепак, клучно ќе биде да се убеди самиот тренер, кој ќе треба да си замине од клуб со кој е доминантен и би освојувал нови трофеи догодина, за да се пресели во екипа преполна со неизвесност, во која и најдобриот фудбалер (Хари Кејн) се наоѓа пред заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА